Заштитата на човековите права, прогоните против христијаните, религиозната слобода
и меѓународната соработка се темите за кои разговараа во сабота, 18 мај во Ватикан
папата Фрањо и германската канцеларка Ангела Меркел. Соопштението од Ватикан нагласува
за пријатната атмосфера на средбата, која траеше подолго од вообичаените аудиенциите
на папата Фрањо со политичари. На средбата станало збор и за долгата историја на односите
помеѓу Светата Столица и Германија, како и за теми од заеднички интерес, како што
се социјалната, политичката, економската и верската состојба во Европа и светот. На
средбата се разговарало и за Европа како заедница на вредности и нејзината одговорност
во светот, со желба да бидат вклучени сите граѓански и верски компоненти за развој
базиран врз човечкото достоинство и поттикнати од принципот на солидарност. По средбата
со Папата, Ангела Меркел разговараше и со Државниот секретар на Ватикан, кардинал
Тарчизио Бертоне и секретарот за односи со државите монс. Доминик Мамберти.