Светиот Отец упати порака до Светското семејство на Радио Марија по повод иницијативата
„Маријатон“, како и до сите слушатели на Радио Ватикан и радио станиците кои преземаат
емисии од Радио Ватикан.
Драги браќа, предраги синови, посебно болни, затвореници,
стари, напуштени лица, сиромашни, малтретирани и злоупотребувани, во бројни периферии
се слуша гласот на Римскиот епископ преку Радио Ватикан, радиото на Папата. На сите
сакам да ви се доближам и да ве помилувам со љубовта и надежта на Воскреснатиот Исус.
Во оваа прилика ве благословувам вас и посебно секоја радио станица која презема емисии
од Папското радио, а ги благословувам и сите драги слушатели, посебно оние кои се
во најголема потреба – рече Светиот Отец.
Во оваа прилика посебно ја благословувам
иницијативата „Маријатон“ на Светското семејство на Радио Марија и ги охрабрувам сите
луѓе со добра волја во 65 држави, на пет континенти, кои учествуваат во деновите на
мисионерство.
Светскиот Маријатон на Радио Марија се одржуваше од 10 – 12 мај
на пет континенти под мотото: Да и помогнеме на Богородица да ни помогне“. Маријатонот
е иницијатива за да се запознаат слушателите на Радио Марија со новите проекти во
светот на Светското семејство на Радио Марија, барајќи материјална и духовна поддршка.
Во следните три години се планира да се отворат во единаесет држави најмалку по една
радио станица на Радио Марија.