Папата Фрањо упати порака по повод конференцијата за културното и духовното наследство
на светите браќа Кирил и Методиј
"Историската студија за делото на светите браќа Кирил и Методиј може да помогне за
поголема мисионерска ревност, напредокот на патот кон целосното единство меѓу сите
христијани и повторно откривање на културните и духовни корени на европскиот континент".
Ова го пишува папата Фрањо во пораката до учесниците на Меѓународната научна конференција
„Светите браќа Кирил и Методиј и нивното културно и духовно наследство: мост меѓу
Исток и Запад", која се одржува на 9 и 10 мај во универзитетот "Комениус" во Братислава.
Поводот е 1150-годишнината од Великоморавската мисија на Кирил и Методиј, а на
конференцијата учествуваа историчари и експерти од 9 земји. Научната конференција
е организирана од Папскиот Комитет за историски науки, Московската патријаршија, Руската
академија на науките и теолошкиот факултет од универзитетот „Комениус" во Братислава.
„Целта на конференцијата е преку дијалог да се запознаат и идентификуваат заедничките
пристапи кон различни историски прашања од взаемен интерес од антички времиња до денес
и идните перспективи, со историски извори од ватиканските, руски и други архиви",
објасни Емилија Храбовец од Папскиот комитет за историски науки. „Овој научен дијалог
би можел да се нарече „историско патување низ екуменизмот", бидејќи започна во 60-тите
години на минатиот век и се развива преку различни научни иницијативи", додаде Храбовец.