2013-05-10 11:13:57

За каква Црква проповеда папата Фрањо


Тргнувајќи од Делата на светите Апостоли, преку животот на првите хрстијански заедници во Ерусалим, папата Фрањо ја илустрира Црквата, нејзиниот идентитет и послание. Црквата со понизност и храброст го слуша Светиот Дух, Црква која излегува од самата себе и оди во периферијата на светот, Црква која е мајка, а не бејбиситер, која подигнува мостови, а не ѕидови. Црква со отворени врати, која е заедница на љубовта, а не невладина организација.

За помалку од два месеци новиот Папа ги поттикна верниците на размислување за тоа што значи да се живее со Црквата, што е Црква? Со своите едноставни и директни говори, истовремено и многу длабоки, Светиот Отец го потсетува секој христијанин на неговата одговорност за навестување на Христос и за животот со Црквата. Да се биде христијанин не е како стажирање во адвокатска канцеларија, за да станеш адвокат. Да бидеш христијанин е дар кој преку силата на Светиот Дух не турка напред во навестување на Исус Христос. Па затоа христијанинот е секогаш на пат и никогаш не смее да застане - предупредува Светиот Отец.

Кога Црквата ќе ја изгуби храброста, паѓа во состојба на мртвило. Млаки, млаки христијани, без храброст... Тоа посебно и штети на Црквата, бидејќи мртвилото обзема, меѓу нас започнуват проблемите, немаме видик, немаме храброст, не се осудуваме да ја упатиме нашата молитва кон Небото, а ни недостига и храброст да го навестуваме Евангелието - рече Светиот Отец во проповедта на Литургијата на 3 мај.

Таа храброст можеме да ја стекнеме единствено ако со понизно срце го прифаќаме Божјото Слово, ако сме послушни и не се спротиставуваме на Светиот Дух. Тогаш Црквата е заедница на верници и останува во Христовата љубов. Црквата сме ние, мажите и жените, среде историјата на љубовта: секој од нас е алка во тој синџир на љубовта. А ако тоа не сме, тогаш не сфаќаме ништо од тоа што е Црква - истакна папата во проповедта на Литургијата на 24 април.

Папата предупреди на опасноста од одделувањето од Христос: кога по своја мера сакаме ја градиме Црквата. Исусовиот пат не е идеологија или морализам кои го „фалсификуваат“ Евангелието. Папата во световноста гледа најголема опасност за Црквата. Кога Црквата ќе стане световна, кога ќе превладее световниот дух, кога во неа има мир кој не доаѓа од Господ, тогаш е слаба, може да се победи и не може да го навестува Евангелието, пораката на Крстот соблазната за Крстот. Ако е световна, тогаш не може да ја навестува радосната вест - истакна папата на Литургијата на 30 април.

Ако е световна, Црквата не оди напред туку назад. Тоа е збалежливо - истакна Светиот Отец - ако се осврнеме на Вториот Ватикански Собор, свикан од блажениот Иван XXIII. И после 50 години, сигурно се прашувате дали сме го направиле тоа што Светиот Дух го бараше од нас во текот на Соборот?

Не. Го славиме тој јубилеј, подигнуваме споменик, но нека не ни пречи. Не сакаме да се промениме. Уште повеќе: има гласови кои сакаат да се враќаат. Тоа се вика тврдоглавост, тоа значи дека сакате да се помирите со Светиот Дух, тоа значи да станеш безумен со кротко срце- утврди папата на Литургијата на 16 април.

Да кажеме јасно дека ни пречи Свстиот Дух - предупредува Папата - бидејќи не вознемирува, не покренува на пат, ја турка Црквата напред. Секако, нагласи Папата, Црквата секогаш се движи помеѓу Крстот и Воскресението, помеѓу прогонството и Господовата утеха. Но, тоа е патот, кој оди по овој пат не оди по погрешниот пат. Црквата е историја на љубовта, не е некаква бирократска организација. И конечно Црквата е мајка - истакна папата додавајќи:

Тука на ова Литургија, присутни се голем број мајки. Како ќе сфатите ако некој ви каже: „Вие сте организаторка во својот дом? Ќе му кажете: Не, јас сум мајка!“ И црквата е Мајка. А ние сме во љубовната приказна која со силата на Светиот Дух оди напред, и сите ние заедно, сме семејство во Црквата која е наша Мајка - рече папата во проповедта на 24 април.








All the contents on this site are copyrighted ©.