2013-05-03 17:10:53

Папата се сретна со претседателот на Либан


Папата Фрањо го прими на аудиенција во Апостолската палата во Ватикан претседателот на Република Либан, Мишел Сулејман, кој потоа се сретна со Ватиканскиот државен секретар, кардинал Тарчизио Бертоне и монс. Доминик Мамберти, секретар за односи со државите. „За време на срдечниот разговор – се вели во соопштението од Ватиканскиот прес центар - се разговараше за ситуацијата во земјата, при што се потенцираше важноста од дијалог и соработката меѓу членовите на различните етнички и верски заедници, кои го составуваат и збогатуваат општеството, а во корист на општо добро, развој и националната стабилност. Исто така беше изразено задоволство од формирањето на новата влада, која мора да се бори со важни предизвици на национално и меѓународно поле. Освен тоа беше разгледана ситуацијата во регионот, посебно сирискиот конфликт, при што беше изразена загриженост за големиот број сириски бегалци, кои бараат прибежиште во Либан и во соседните држави, за кои, како и за целото население кое страда, беше упатен апел за поголема хуманитарна помош со поддршка на меѓународната заедница.

Покрај тоа, беше побарано обновување на преговорите меѓу Израел и Палестина, кој е неопходен за мирот и стабилноста во регионот. Не беше заборавена и тешката ситуација на христијаните во целиот Среден Исток, како и големиот придонес и охрабрување кое го дава Апостолското постсинодално писмо„Црквата на Блискиот Исток.“








All the contents on this site are copyrighted ©.