2013-04-26 16:11:03

Папата го прими претседателот на Мадагаскар


Во петок 26 април, папата Фрањо во Апостолската палата во Ватикан го прими претседателот на Република Мадагаскар Ендрју Ражоелина.
„За време на разговорите беа истакнати добрите односи меѓу Светата Столица и Република Мадагаскар, а се разговараше и за некои важни аспекти од животот на земјата", се вели во соопштението од Ватикан. Посебен акцент на средбата е ставен околу „напорите кои Мадагаскар ги вложува за стабилизација и демократизација на земјата, како и економскиот развој и обновување на меѓународните односи", се вели во документот. На средбата беше истакнат и „големиот придонес на Католичката црква во Мадагаскар за националниот дијалог и нејзиното незаменливо присуство во здравство и образованието". По аудиенцијата со Светиот Отец претседателот на Мадагаскар се сретна и со државниот секретар на Ватикан кардинал Тарчизио Бертоне, како и со секретарот за односи со државите монс. Доминик Мамберти.








All the contents on this site are copyrighted ©.