2013-04-25 11:19:29

Рио де Жанеиро: Ватиканскaтa делегација ja прецизира посетата на Папата за Светскиот ден на млади


Ватиканската делегација предводена од Алберто Гасбари одговорен за меѓународните патувања на Папата, се наоѓа во Рио де Жанеиро за подготовка на посетата на папата Фрањо, кој ќе учествува во Светскиот ден на млади од 23 - 28 јули. Според локалниот организационен комитет на Светскиот ден на млади, Гасбари имал средби зад затворени врати со архиепископот на Рио, со претседателот на локалниот организационен комитет, отец Орани Жоао Темпеста, со апостолскиот нунциј монсињор Џовани Д'Аниело и со претставници на федералните, државните и градските институции. Гасбари се заблагодари за вложените напорите до денес во сите сегменти од страна на владата и на волонтерите и потврди дека програма „потврдена во октомври и ноември минатата година ќе се реализира“. „Централниот дел на програмата“, според Гасбари, ќе биде „Бразил, Рио де Жанеиро и Светскиот ден на млади“. Потврдено е и учеството на Папата во централните моменти на средбата, приемот на Копакабана, Крстниот пат, бдеењето и завршната света Литургија, додека Литургијата за отворањето на Светскиот ден на млади ќе биде предводена од отец Темпеста, без присуство на Папата. Гасбари ги посети и местата на кои треба да се реализира програмата.








All the contents on this site are copyrighted ©.