Неодамна папата Фрањо формира група на кардинали, кои ќе го советуваат во управувањето
на општата Црква и да го проучат нацртот за реорганизирање на Римската курија. Меѓу
кардиналите е и минхенскиот архиепископ кардинал Рајнхард Маркс, кој во интервју за
Радио Ватикан рече, дека не е изненаден од одлуката на Папата. За тоа веќе се зборувало
на Генералните конгрегации пред конклавата, а јас лично реков дека би било соодветно
да се има советници од месните Цркви, а за реорганизација на Куријата треба добро
да се размисли. Изненаден сум само што и јас сум во групата на тие кардиали, но така
одлучил Папата – изјави кардинал Маркс.
На забелешката дека во групата кардиналите
е застапена општата Црква, тој рече дека Папата е биран од сите континенти, па и тие
се должни, ако така сака Светиот Отец, да бидат негови советници. Очигледно е дека
Папата сака преку оваа група на кардинали да биде застапена општата Црква, а тоа е
позитивен знак – рече кардиналот. На прашањето за меѓусебното познавање на кардиналите,
изјави дека некои ги запознал во текот на Генералните конгрегации и за време на конклавите.
Некои од нив како на пример кардиналот од Киншаса и кардиналот од Марадијагу, ги познавав,
бидејќи често се среќававме во Куријата – рече кардиналот, и додаде: Папата упати
јасна порака до целата Црква дека сака да има советници и дека сака реорганизација
на Куријата. Се надевам дека во тоа ќе биде вклучена општата Црква. Тоа е нов знак
на односот на Римската курија со месните Цркви и го сметтам за знак, иако уште не
се направени првите чекори – изјави кардиналот.
На прашањето што мисли за новиот
Папа, изјави дека се повеќе е уверен дека Господ го дарува. После неговиот избор,
сите ни изненади тоа доживеавме во текот на конклавата; се прашувавме што ќе се случи
сега, иако сите бевме уверени дека изборот беше знак на Светиот Дух. После првите
недели на понтификатот, сакам да истакнам дека тоа уверување е остварено. Сите сме
оптимисти, исто така и парохиите, насекаде се чувствува новата атмосфера и затоа сум
многу радосен – заклучи кардинал Маркс.