2013-04-19 09:45:44

Шпанија: Реформа за правото на абортус


Владата на премиерот Маријано Рахој сака да го ограничи правото на абортус. Тоа го изјави министерот за правда Алберто Руиз Галардон. Ризиците за физичкото и психичкото здравје на мајките не смеат да бидат „оправдание“, за да не се заштити животот на неродените деца, вели министерот, кој припаѓа на „Народната партија“ на Рахој. Претседателот на Епископска конференција на Шпанија, кардиналот од Мадрид Антонио Роуко Варела, ја повика владата, да донесе итна реформа за правото на абортус, кое беше воведено 2010 година од страна на социјалистичката влада. Социјалистите ја критикуваат најавата за реформа. Нивниот заменик претседател на партијата Елена Валенцијано го нарече неприфатливо тоа што „Роуко Варела владее со нас“. Таа изјави дека „времето на епископи“ е минато.







All the contents on this site are copyrighted ©.