2013-04-16 11:14:33

Латинскиот патријарх од Ерусалим се сретна со Папата


Латинскиот патријарх од Ерусалим, Фуад Твал во понеделник 15 април се сретна со папата Фрањо. Не се објавени детали од средбата. Архиепископот Твал е на чело на Латинската црква во Светата Земја. По изборот на папата Фрањо, тој изрази надеж дека СветиотОтец наскоро ќе ја посети Светата Земја. Исто така Павле VI, Иван Павле II, како и Бенедикт XVI ги посетија Јордан, Израел и Палестина.







All the contents on this site are copyrighted ©.