2013-04-15 12:10:04

Иницијатива на полските Капуцини за помош на Африка


Варшава, 15.4.2013 /к.мк / - Неодамна фрањевците капуцини во Полска покренаа акција „Капучино за Африка” за финансирање образовни и културни проекти во Африка. „Вредноста на една шолја капучино претставува десет оброка за децата во Централно-африканската Република”, истакна Пјотр Гајда координатор на акцијата.

Во три акции веќе се вклучиле триесетина кафетерии низ Полска. На тој начин Капуцините сакаат парично да ги потпомогне своите два проекти од кои еден е за Централно-африканската Република каде помагаат на децата жртви на војната и ги плаќаат нивните оброци и школување. Парите собрани од кафетериите ќе послужат и за финансирање на изградбата на образовен центар за млади во Чад.








All the contents on this site are copyrighted ©.