2013-04-12 18:05:06

Светиот Отец: Во постојаноста е патот до Христос


„Триумфализам" и „постојаност" се клучните зборови од проповедта на папата Фрањо, кој ова утро служеше света Литургија во капелата на домот Света Марта во Ватикан. На литургијата присуствуваа одговорните и вработените на Ватиканската издавачка куќа, која деновиве објави две книги на кардиналот Бергољо, како и зборник од првите изјави на папата Фрањо.

Во проповед Папата се повика на литургиското читање од Делата на светите Апостоли за говорот познат како „совет на Гамалиел". Делата апостолски говорат: во Советот стана еден фарисеј по име Гамалиел, учител по Законот, почитуван од целиот народ, и заповеда да ги изведат луѓето за кратко надвор; а откако претрпеа понижување во името Господово ги пуштија (Дела 5,39-42). Тоа е „мудар совет и за нашиот живот, бидејќи времето е Божји гласник", рече Папата.

„Бог нѐ спасува во времето, а не во моментот. Понекогаш прави чуда, но во животот нѐ спасува во времето", нѐ спасува во „историјата" и во „личната историја на секој од нас". Господ не се однесува „како самовила со магично стапче", туку напротив: „дарува благодат и на сите ни изрекува исцеление од Него: „Стани и оди". Тоа ни го вели и на нас: „Оди по твојот пат и сведочи за она што Господ го прави за нас.“

Папата Фрањо говореше и за „едно големо искушение" во животот на христијаните – „триумфализмот". „Апостолите на истиот начин беа искушувани", истакна Папата. Како Петар кој вети свечено дека нема да се откаже од својот Господ, така и народот, откако го виде чудесното умножување на лебовите. „На Бог му е туѓ триумфализмот - рече Папата. Тој влегува во земниот живот понизно: живее 30 години, расте како секое дете ги познава искушенијата на маката и на Крстот и конечно воскреснува".

„Господ нѐ учи дека во животот не се прави ништо со волшебно стапче и дека триумфализмот не е христијански знак". Животот на христијанинот е нормален, но со Христа, секој ден: „Тоа е благодатта, за која треба да молиме: постојаност. Да бидеме постојани следејќи го Господ, до крајот, ден по ден". „Нека Господ нè спаси од фантазиите на триумфализмот", заврши Светиот Отец. Патот до Господа е секојдневно да бидеме со Бог".








All the contents on this site are copyrighted ©.