2013-04-12 09:15:13

Папата Фрањо прими претставници од Папал Фондацијата


Педесет годишнината од енцикликата „Мир на земјата“ (Pacem in Terris) на Блажениот Иван ХХІІІ да биде поттик за поголема ангажираност за мир во светот: со тие зборови папата Фрањо се обрати до 120 членови на Папал Фондацијата (Papal Foundation) кои во четвртокот ги прими на аудиенција во Ватикан. Групата на американската хуманитарна организација, основана во 1988 година, беше предводена од кардиналот Доналд Вуерл, архиепископ на Вашингтон.

Во поздравниот говор Папата ја истакна својата „голема благодарност“ за 25 годишната активност на фондацијата и нејзиниот „важен придонес за развојот на многу земји, како и во постојаната грижа за образование на клерот и богопосветените лица, грижата за сиромашните како и во создавањето на услови за работа“.

„Педесет годишнината на енцикликата „Мир на земјата“ (Pacem in Terris) на Блажен Иван ХХІІІ која ја одбележуваме на денешниот ден да биде поттик за поголема ангажираност за мир во светот“, истакна Папата, а напорите на фондацијата да помогнат во „борбата со бројните форми на материјална и духовна сиромаштија“. Ова ќе помогне за зголемување на братството и мирот во светот, заклучи Папата.

„Во ова пасхалното време кога Црквата нѐ повикува да се заблагодариме за Божјото милосрдие и за новиот живот добиен од воскреснатиот Христос, се молам да се доживее радоста од Божјите благодати и да им служите на неговите најсиромашни браќа и сестри“, рече Папата. Конечно папата Фрањо потсети дека активностите на Фондацијата се пред сѐ „духовна солидарност со Светиот Петров наследник“ и ги повика нејзините членови да продолжат да се молат за неговата служба, за потребите на Црквата, посебно „разумот и срцето да се свртат кон убавината, доброто и вистината на Евангелието“.







All the contents on this site are copyrighted ©.