2013-04-08 11:15:14

Папата продолжува со консултациите


Првите работни средби на Папата со неговите идни соработници прдолжуваат. Откако во петокот го прими префектот на Конгрегацијата за наука на верата, архиепископот Герхрад Лудвиг Милер, оваа сабота Папата разговараше со кардинал Марк Квелет, префект на Конгрегацијата за епископи.
Потоа Светиот Отец се сретна со кардинал Антонио Кањизарес Лорера, префект на Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни. Пред неколку дена папата Фрањо ги потврди привремено сите водечки функции во Ватиканската курија, и се очекува дека за евентуални поглеми промени во ватикнската курија папата че си земе доволно време за разговори и консултации.








All the contents on this site are copyrighted ©.