2013-04-06 16:40:22

Папскиот совет „Cor Unum“ додели 50 илјади долари помош за населението во Аргентина


Во име на папата Фрањо, Папскиот совет „Cor Unum" додели 50 илјади долари парична помош за најитните потреби на архиепископијата Ла Плата, која е најпогодена од поплавата која ја зафати Аргентина, при што загинаа повеќе од 60 лица, а без домови останаа повеќе илјади луѓе. Донацијата, доставена преку Апостолската нунцијатура во Аргентина, е една од бројните интервенции на локалната Црква и каритативните католички организации, кои веднаш се вклучија во акциите за помош и спасување.







All the contents on this site are copyrighted ©.