2013-04-06 10:10:31

Папата до свештениците: Отворете ги вратите на Црквите и исповедувајте


Папата ги повика свештениците да ги отворат Црквите за луѓето и да бидат секогаш на располагање како исповедници. Отворете ги вратите на Црквите и луѓето ќе влезат.... кога ќе влезете во исповедалницата и чекате, ќе видете дека ќе дојдат луѓе да се исповедаат“, рече Светиот Отец на еден ручок со свештеници на Велики Четврток. Верниците имаат потреба од свештеници, кои ќе и ги отворат вратите и им овозможат да го сретнат Господ, рече Папата.

Архиепсикопот Џовани Бекиу, субститут на Ватиканскиот државен секретаријат секоја година на Велики Четврток поканува свештеници на ручок. Повеќето од нив се на служба во римските предградија. Папата Фрањо со задоволство ја прифати понудата да биде присутен на ручокот.








All the contents on this site are copyrighted ©.