Твитер порака на Папата: Не треба да се плашиме да го љубиме Бог
Папата Фрањо испрати нова порака преку Твитер, која гласи: „Бог нè љуби. Не треба
да се плашиме да Го љубиме. Верата се исповеда и со устата и со срцето, со слово и
со љубов". Твитер профилот на Папата Фрањо (@ pontifex) е на девет јазици, а бројот
на пријатели надминува 4 милиони и 990 илјади.