2013-04-03 10:03:53

Кардинал Скола на поклонение во Рим


Папата Фрањо ни помага заедно да одиме со Исус – истакна кардинал Анџело Скола, милански архиепископ, во вторникот во проповедта за време на светата Литургија во базиликата Свети Петар. Миланскиот архиепископ предводи поклонение во Рим, на кое учествуваат повеќе од десет илјади верници, од кои повеќе од шест илјади се млади, а во среда ќе присуствуваат на Генералната аудиенција со Папата.
Претставува голема радост да се направи поклонение во Рим, на гробот на свети Петар, да се биде меѓу првите кои можат да се сретнат со папата Фрањо, истакна кардинал Скола.
Да се биде заедно со Исус, тоа е најубавото што може да ни се случи. Секој христијанин е должен да бара, посебно во воскресното да се сретне со Господ. Поради тоа кардиналот ги поттикна сите поклоници, млади и возрасни: Мораме да бидеме покрај Исус, богат со милосрдие, извор на надежта. На светот немаме што друго да му кажеме, освен ова големо навестување, овие зборови кои – како што кажа големиот поет Јакапоне да Тоди – ја навестува целата стварност: Исус кажува сè – рече кардинал Скола.








All the contents on this site are copyrighted ©.