2013-04-01 14:10:35

Светиот Отец на молитвата Небесна Царице: Без благодатта не можеме ништо


„Без благодатта не можеме ништо – ова го нагласи папата Фрањо во неговиот говор на молитвата Небесна Царице (Regina Coeli) на Светол Понеделник пред околу 40 илјади присутни верници на плоштадот Свети Петар.

Благодатта, која ја примивме преку воскресните светите Тајни, поседуваат огромна сила да го обноват нашето постоење, за животот во семејствата, за меѓучовечките односи. Но сето тоа се случува преку човечкото срце: Ако сум отворен за благодатта на Воскреснатиот Христос, доколку ѝ дозволам да го менува она што не е добро кај мене, а може да ги повреди другите и мене, тогаш му дозволувам на Христос да победи, да влезе во мојот живот и неговата сила да ја излее со богат благослов. Тоа е силата на благодатта! Без благодатта не можеме ништо, без благодатта не можеме ништо.“

Христос го победи злото потполно и целосно, рече Папата, но: сепак се однесува на секој човек посебно, за луѓето во сите времиња, неговата победа да ја внесеме и во нашите животи и во конкретна реалност на историјата и општеството. Крштението кое не прави да бидеме деца Божји и Евхаристијата, која не соединува со Христос, треба да навлезат конкретно во нашиот живот, покажувајќи го христијанинот при неговото изразување, однесување, гестови и одлуки, нагласи папата Фрањо.

Папата посака силата на Воскреснатиот Христос да допре со секој човек – пред сѐ до оние луѓе, кои страдаат и се наоѓаат во такви ситуации во кои е потребна надеж и доверба. Повика на заедничка молитва, омразата да ја земени љубовта, лагата да ја земени вистината, осветољубивоста да биде заменета со простување и тагата со радост.

На крајот од молитвата Светиот Отец ги поздрави поклониците на плоштадот Свети Петар со следните зборови:

Ве поздравувам сите со голема љубов, драги поклоници од разни земји, кои сте дојдени на оваа заедничка молитва. На секој од вас ви посакувам во овој Светол Понеделник да имате радосни срца, овој понеделник да оддекне со силата на воскресната радост: Христос Воскресна!








All the contents on this site are copyrighted ©.