2013-03-29 16:21:03

Франција: Пет илјади лица ќе бидат крстени на Велигден


Пет илјади млади и возрасни ќе бидат крстени во Франција за време на Пасхално бдение (30 март) и на Воскресната литургија. Објавувајќи ја веста Епископска конференција на Франција прецизира дека светите тајни Крштение, Миропомазание и Евхаристија ќе ги примат 3.220 возрасни. Поголемиот дел од нив се меѓу 25 и 30 години, а од 2011 бројот на катекумените меѓу 18 и 20 години се зголемил за 45% - знак дека христијанската вера ги буди и ги привлекува младите. Според истражувањето направено од француските епископи, 45,4% се од „историски христијанска средина и католичка средина“. Се зголемува и бројот (42%) на оние кои потекнуваат од семејни средини без посебна религиозна традиција (1.349). Кон возрасните, се додаваат и 1.463 малолетни (589 момчиња и 874 девојки меѓу 13 и 18 години) кои ќе бидат крстени на Велигден. Во овој посебен момент од својот пат на верата, катекумените ќе бидат придружувани од 10,330 луѓе, од кои поголемиот дел (78%) се лаици.








All the contents on this site are copyrighted ©.