2013-03-29 10:16:39

Папата го одбри декретот за прогласување на нови блажени


Папата Фрањо во четврток, 28 март го одобри објавувањето на декретот за прогласување на 63 блажени и седум нови слуги и слугинки Божји, жртви на Шпанската граѓанска војна, комунистичките режими во Источна Европа, како и нацизмот. Меѓу новите блажени е прогласен и младиот италијански семинарист Роландо Риви, кој во 1945 година на варварски начин е убиен од партизаните. Тој е убиен поради омраза на партизаните кон верата, а 14 годишниот семинарист ја посведочил својата безусловната љубов кон Исус.
Папата Фрањо на 12 мај ќе прогласи нови светци. Се работи за мачениците Антонио Прималдо и неговите следбеници. По заземањето на нивниот град Отранто од страна на Османлиите, се убиени во 1480 година, бидејќи одбиле да преминат на ислам.








All the contents on this site are copyrighted ©.