2013-03-27 09:16:36

Ватикан бара мерки против трговијата со оружје


Светата Столица повика на забрана за извоз на оружје во земји во кои не се почитуваат човековите права. Во соопштението објавено во седиштето на ООН, Ватикан се надева дека ќе дојде до првиот меѓународен договор за трговија со конвенционално оружје. Преговорите во Њујорк се во тек и до четврток членките на ООН треба да постигнат договор. Разговорите во јули завршија со неуспех. Цел на договорот е пред извозот на оружјето да се оцени дали со него се кршат човековите права. Архиепископот Хуликат, постојан набљудувач на Светата Столица при ООН, во изјавата во понеделникот бара при трговијата и извозот на оружје да не доминираат економските интереси.








All the contents on this site are copyrighted ©.