2013-03-26 11:55:20

Париз: Голем протест против хомосексуалните бракови


Во недела 24 март 2013 година, Франција повторно беше зафатена од демонстрации. Францускиот народ не престанува да протестира против озаконувањето на хомосексуалните бракови, а со самото тоа и посвојување на деца. Иако медиумите се обидоа на јануарската демонстрација да го намалат значењето на овој историски протест на кој тогаш имаше повеќе од 800.000 луѓе (медиумите тврдеа дека станува збор за 30.000 луѓе), неделните протести ќе можат малку потешко да ги минираат, бидејќи низ улиците на Париз протече река од 1,4 милон луѓе. За ова сведочат и снимките, имено собирот во Париз беше на Авенија де ла гранде Арме (Avenue de la Grande Armée), која е долга 1.4 километри, и помина од Триумфалната капија (L'Arc de Triomphe) до Порта Маилот (Porte Maillot).

Организаторите на протестот бараат повлекување на законот за хомосексуалните бракови и посвојување на деца. Законот помина во парламентот, но не и во сенатот и бараат итен состанок со претседателот на француската држава. Сметаат дека владејачката партија не смее да го игнорира гласот на Франција. Ако владата се оглуши на нивните барања, најавуваат нови, уште поголеми протести, и дека ќе одат и до претседателската палата. Демонстрантите истакнуваат дека тој предлог закон со кој се дозволува склопување на хомосексуални бракови и посвојување на деца, се противи на природното право на родителство и крвна врска, што ќе има економски, општествени и етички последици.

Француските телевизии во неколку кратки кадри ја покажаа големината на протестите и реакцијата на учесниците – пријатни семејства кои демонстрацијата ја доживуваа како весела неделна прошетка, маса млади луѓе, деца, дедовци и баби. Се веселеше, пееше и играше. Се пееше и националната химна: Ова е вистинската Франција!“








All the contents on this site are copyrighted ©.