2013-03-26 11:59:44

Папата планира посета на Апарецида


Папата Фрањо при посетата на Бразил ќе има малку поинаква програма од онаа што беше планирана за неговиот претходник Бенедикт XVI. Ова го изјави архиепископот од Рио де Жанеиро, Орани Жоао Темпеста, во интервју за Радио Ватикан. Измените се однесуваат само на програмата за Папата.

„Што се однесува до Светскиот ден на млади, не се менува ништо. Папата ќе биде присутен со младите, како што беше досега случајот при вакви големи настани и Литургии. Ќе има измени само на термините кои се однесуваат на Папата со градот, Бразил и државата. Поради тоа предложивме нова програма, која на почетокот на мај ќе биде претставена пред Папата и тогаш точно ќе ја знаеме програмата.“

Сепак Епископската конференција на Бразил откри една од измените: Папата планира посета на Богородичното поклоничко место Апарецида. Тоа го изјави во неделата архиепископот од Апарецида, Рајмундо Дамаскено Асис. Престседателот на Епископската конференција на Бразил истакна дека уште не е дефинирано, дали Папата ќе се упати во Апарецида пред или после Светскиот ден на млади во Рио. Папата е посебно поврзан со ова Богородично светилиште. Во мај 2007 година во Апарецида се одржа Петото Генерално собрание на епископите од Латинска Америка и Карибите. Тогашниот архиепископ од Буенос Аирес заедно со останатие епископи објавија завршен документ, во кој на посебен начин е потенцирано Црква на сиромашните. За тоа архиепископот Тепеста изјави:

„Младите од Рио ми кажаа дека од папата Фрањо очекуваат импулси за една сиромашна и млада Црква, бидејќи неговото име го носи духот на сиромаштво и младост. Ова е посебно важно пред предизивикот, денес да се стави Исус Христос во центарот на животот.“








All the contents on this site are copyrighted ©.