2013-03-26 15:25:39

Папата на Велики Вторник: Да поверуваме во средбата со Исус и во сладоста на Неговото простување


Да ги отвориме срцата за сладоста на прошката од Исус: со овие зборови ова утро, 26 март на Велики Вторник, во капелата на домот Света Марта Папата ги повика присутните на размислување. Секој човек има своја „ноќ на грешник“, рече Папата, уверувајќи дека „Божјата љубов е за сите.“

Кратката проповед на Папата беше насочена кон длабочините на човечкото спознавање, повикувајќи се на евангелието од Иван (13, 21-33), каде што се говори за предавството на Јуда Искариот. Ноќта, која го опфаќа Јуда е ноќ во која неговото срце скита, истакна Папата. Најтешка е „ноќта на корумпираните" во која човечкото срце на крајот се затвора и „не знае и не може за излезе од себе". Сосема поинаква е „ноќта на грешникот", бидејќи таа е „привремена" и која сите ја познаваме, истакна папата Фрањо. Колку такви ноќи и колку такви времиња сме имале во кои „ноќта го опфаќа целото срце ...". Но се појавува надежта и нé поттикнува повторно да се вратиме назад и да го сретнеме Исус, продолжи Папата. „Не се плашиме и од „ноќта на Предавникот" - истакна Светиот Отец. Најдоброто нешто е да се именува гревот, исповедувајќи се, и поучени од Свети Павле, кој вели дека „во неговите гревови се наоѓа славата на Распнатиот Христос". Зошто? Бидејќи во своите гревови го сретнува Распнатиот Христос, кој му ги простува".

Токму „сладоста на простување" беше вториот акцент од проповедта на папата Фрањо. „среде ноќта" и „ноќите" на нашите направени гревови, бидејќи сме грешни, секогаш се сретнува оној нежен глас на Господ, кој ни вели дека Тој е нашиот Спасител. Папата спомна и за погледот кој Исус го упати во моментот кога Симон Петар се откажува од него, кога го покани „да го отвори срцето и да вкуси од сладоста на прошката". „Да размислиме, колку е убаво да бидеме свети, но исто така и колку е убаво да ни бидат простени гревовите (...) Да поверуваме во средбата со Исус и во сладоста на Неговото простување", заврши Папата.







All the contents on this site are copyrighted ©.