2013-03-25 17:30:16

Папата Фрањо со честитки за еврејската Пасха


Папата Фрањо им посака благословен празник Пасха на еврејската заедница во Рим. Како што јавува Еврејската заедница од Рим на својата интернет страница, Папата своите честитки ги упати до главниот рабин на градот, Рикардо ди Сегни. Тој посакува, Семоќниот, кој го ослободи својот народ од египетското ропство, и понатаму да го заштитува својот народ од зло и да го следи со неговиот благослов, се вели во писмото на Папата. Тој е убеден, дека пријателството и меѓусебната почит и понатаму ќе се продлабочуваат – се вели во честитката на Папата. Рабинот Ди Сегни се заблагодари на Папата и упати честитки до папата Фрањо за Велигден.

Празникот Пасха се слави во неделата од 15 до 22 Нисан од еврејскиот календар. Оваа година празникот се слави на 26 март.








All the contents on this site are copyrighted ©.