2013-03-25 09:24:19

Нови пораки на папата преку Твитер: Не смееме да му веруваме на злото


По завршувањето на светата Литургија, која папата ја служеше на плоштадот Свети Петар пред околу 250.000 верници по повод празникот Цветници, упати две кратки пораки преку Твитер.

Со радост го очекувам јули, во Рио де Жанеиро! Се надевам дека ќе се видиме во овој голем Бразилски град! – пишува во првата порака. На крајот од денешната света Литургија папата Фрањо најави дека ќе присуствува на Светскиот ден на млади во Рио.

Во неговата втора порака испратена денес, која е извадок од неговата проповед се вели: Не смееме да му веруваме на злото кое ни вели: ништо не можеш да направиш против насилството, неправедноста, против твоите гревови!








All the contents on this site are copyrighted ©.