2013-03-25 11:00:23

Бергољо им помагаше на бегалците


Поранешен противник на диктатурата во Уругвај, му препишува голема заслуга на Бергољо за неговото бегство во Бразил во 1977 година. Ова го изјави за француската информативна агенција (АФП) Гонзало Моска, кој тогаш беше припадник на левичарска група, која се бореше против диктатурата во Уругвај. Неговото бегство од Уругвај во Буенос Аирес беше успешно, но таму беше загрозен од Аргентинската армија. Неговиот брат, Исусовец, се обрати на тогашниот провинцијал на Аргентинската провинција на Исусовците – Хорге Бергољо, сегашниот папа Фрањо, кој му вети помош. Уште истата ноќ тој и неговиот брат Исусовец се префрлени во еден манастир оддалечен 30 километри од Буенос Аирeс.

По неколку неизвесни дена се јави патер Бергољо во манастирот и ни го предочи планот. Според него двајцата браќа отпатуваа во туристичкиот град Игуазу, на границата со Бразил. Од таму требаше Моска да се обиде да замине за Бразил. Бергољо „нè префрли до аеродромот и буквално нè испрати до авионот“, известува Моска. На овој начин успеа бегството во Бразил на тогашниот 28 годишен Уругваец, кој подоцна се префрли во Европа.

Според изјавата Моско и Бергољо повеќе никогаш се немаат видено. По повод обвинувањта против Папата за неговата наводна поврзаност со диктатурата во Аргентина, тој се почувствувал должен да го раскаже сопственото искуство. Денешниот папа тогаш покажа голема храброст.

Ватикан ги отфрли сите обвинувања против папата Фрањо, а тоа го направи и нобеловецот Адолфо Перез Ескивел, силен противник на диктатурата во Аргентина. Изјавата на Моска само ги потврдува досега кажаните ставови на Црквата кон ова прашање.











All the contents on this site are copyrighted ©.