2013-03-25 17:27:51

Аргентинските епископи: Изборот на папата Фрањо е погоден момент за национално единство


Изборот на кардиналот Бергољо да биде наследник на апостол Петар со името Фрањо е погоден момент за сите Аргентинци да вложат напори за единство и да ги заборават поделбите кои ја слабеат земјата". Ова го изјави претседателот на Епископската конференција на Аргентина монс. Хозе Марија Аранседо, кој пред да се врати во Аргентина од интронизацијата на новиот Папата, даде изјава за агенцијата ФИДЕС. Повод за изјавата е средбата на Аргентинската претседателка Кирхнер со Папата: „Мислам дека од оваа средба може да се роди нешто ново. Оној кој не може да ги чита знаците страда од политичка кратковидост, а иднината не е за кратковиди", вели монс. Аранседо. Според него дојде моментот „да се сфати потребата од дијалог, почитување на разликите и правдата, бидејќи сите Аргентинци припаѓаат на едно општество". Агенцијата потсетува дека во животот на Црквата во Аргентина има периоди на силни спротивставености со властите, посебно на крајот од минатата година, кога делегација на Епископската конференција на средба со претседателката Кирхнер ја искажа загриженоста за некои важни теми, како зголемувањето на дрога и криминалот, несигурноста и предлог законот за абортус.







All the contents on this site are copyrighted ©.