2013-03-23 09:32:58

Телеграма со честитки до Папата од Големиот имам на Ал-Азхар


Големиот имам на сунитскиот исламистички универзитет „Ал Азхар“ од Каиро Ахмед Ал-Тајеб испрати телеграма со честитки до папата Фрањо во која му посакува „свет исполнет со соработка и љубов, за да се загарантираат општо прифатените вредности и да се стави крај на културата на омраза и нееднаквост“. Во телеграмата претставникот на Врховната сунитска институција упатува честитки и до „браќата католици од Западот и Истокот за нивниот избор“ со желба новиот понтификат да придонесе за почеток на една „позитивна ера за сите народи во еден свет којшто се менува постојано и кој има потреба од стабилност и мир“.








All the contents on this site are copyrighted ©.