2013-03-23 09:30:50

Папата разговараше со кардинал Сандри


Папата Фрањо ги продолжува консултациите со водечките лица од Ватиканската курија. Како што е јавено од Ватикан, во петок попладне Папата го прими кардинал Леонардо Сандри (69), префект на конгрегацијата за Источни цркви. Претходно папата Фрањо го прими на аудиенција германскиот кардинал Паул Јозеф Кордес (78), долгогодишен претседателот на Папскиот совет Кор Унум. Кардинал Кордес и кардинал Хорхе Бергољо се познаваат од порано, додека кардинал Сандри доаѓа од Аргентина и исто како и папата Фрањо има италијанско потекло.








All the contents on this site are copyrighted ©.