2013-03-23 17:14:54

Велика Британија: Христијанските финансиски стручњаци со подршка до Папата


Општеството копнее за милост и правда во финансискиот свет, стои во соопштението на Здружението на христијанските финансиски советници (ACFA) со седиште во Лондон. Здружението го поздрави изборот на папата Фрањо, кој на својата прва света Литургија говореше во име на сиромашните, се вели во соопштението испратено до агенцијата Фидес. Гласноговорникот на здружението Аидан Вауган нагласува: Потребна ни е Црква на сиромашните. Преку својата едноставност, папата Фрањо ги вклучува во своите молитви сите оние кои молат за праведност во економијата и финасискиот свет.
Здружението на христијанските финансиски советници се „за залагаат за христијанска етика во финансиското работење“. Моментално, здружението учествува во кампања против високите каматни стапки за кредити, кои ги нарекуваат „општествено зло“. Во текот на кампањата политичките власти на европските држави се повикани да превземат мерки за помош и да влијаат на мерките за штедење за да ги заштитат ранливите групи.








All the contents on this site are copyrighted ©.