2013-03-22 09:53:13

Поздравни пораки на Папата Фрањо и Бенедикт ХVІ по повод интронизациjaта на Англиканскиот примат Џастин Велби


Папата Фрањo испрати поздравна порака до англиканскиот архипископот од Кантербери Џастин Велби. Тој на 21 март е интронизиран за 105 архиепископ на Кантербери. Поздравна порака до новиот Англикански примат е упатена и во име на почесниот Папа Бенедикт XVI, која е потпишана пред неговото повлекувањето од Светиот Петров Престол.

„Со нетрпение очекувам да се сретнеме во блиска иднина за да ги продолжиме топлите братски односи создадени од нашите предходници“ се вели во порака на папата Фрањо. Светиот Отец заблагодари за љубезните зборови по повод неговиот избор за Петров наследник и истовремено упати срдечни честитки по повод неговата интронизација во катедралата во Кантербери. „Пастирската служба е повик да се оди по патот на верноста кон Духот на нашиот Господ Исус Христос“, се вели во пораката. Папата се моли во своите молитви за одговорностите кои престојат пред Англиканскиот примат, истовремено го повикува и тој да се моли за него, за да „одговори на Господовиот повик“.

Во својата поздравна порака, потпишана на 4 февруари, почесниот папа Бенедикт XVI се заблагодари на Бог за добрите односи меѓу католиците и англиканците. Кон ова почесниот папа додава дека почетокот на неговата нова одговорна должност се совпаѓа со „моментот во кој христијанската вера е изложена на дискусии во многу западни земји со оние кои сметаат дека религијата е приватна работа и која не може со ништо да придонесе во јавната дебата“. Иако постои „замор“ и „распространета глувост“ во однос на верата, пишува Бенедикт XVI „жедта за Бог, сѐуште не ја признаваат, но сепак таа секогаш е присутна во нашите општества, што поставува задача да се навестува и потврдува вистината со љубов, нудејќи ја на луѓето Христовата светлина пред темнината во животот“. „Нека вашиот апостолат донесе многу плодови и ги отвори очите и ушите на луѓето за да заживее евангелската порака“, заврши Бенедикт XVI.








All the contents on this site are copyrighted ©.