2013-03-22 09:48:50

Папата се сретна со Адолфо Ескивел, симбол на борбата против диктатурата во Аргентина


Папата Фрањо на 21 март го прими на аудиенција Аргентинецот Адолфо Перез Ескивел, добитник на Нобеловата награда за мир во 1980 година. Наградата ја доби за неговата борба за човекови и граѓански права и за неговата опозиционерска храброст против диктатурата во Аргентина. По аудиенцијата Ескивел одржа прес конференција на која потврди дека обвиненијата против тогашниот провинцијал на Исусовците за време на диктаторот Видела не одговараат на реалноста. Неговиот избор за Папа од Аргентинците беше прифатено со голема радост, изјави Ескивел. Папата во разговорот со Ескивел истакнал дека е многу важно да се стигне до вистината и правдата за извршените злосторства во Аргентина, изјави нобеловецот Ескивел на прес конференцијата.








All the contents on this site are copyrighted ©.