2013-03-16 09:45:04

Претседателот Ѓорге Иванов упати честитка до папата Фрањо


По повод изборот на новиот Папа претседателот на Република Македонија Ѓорги Иванов упати честитка до папата Фрањо при што му посака искрени желби за добро здравје, лична среќа и успешно вршење на благородната мисија.

Меѓудругото во честитката на претседателот Иванов до папата Фрањо се вели: „Искрено се надевам дека Вашиот високо ценет ангажман, Вашата посветеност кон христијанските вредности и принципи, ќе овозможат да се соочите со бројните предизвици на денешницата. Воедно, верувам дека Вашиот углед и авторитет ќе помогнат во одбраната на универзалните вредности за кои се залагаме, а кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот, толеранцијата и меѓусебната почит. На тој план, во мене и во Република Македонија, ќе имате партнер и пријател", се вели во честитката на престедателот Иванов.

Во честитката преседателот на државата изрази уверување дека во периодот што следува, пријателството и соработката меѓу Република Македонија и Светиот Престол ќе се продлабочуваат и зацврстуваат уште повеќе, за што претседателот Иванов ја искажува целата негова подготвеност.

Повторувајќи ги моите честитки до вас и до сите верници на Католичката црква, посакувајќи Ви долг и благословен понтификат, Ви ги упатувам Ваша Светост, изразите на моето највисоко почитување, пишува претседателот Иванов во честитката до папата Фрањо.







All the contents on this site are copyrighted ©.