2013-03-16 09:54:43

Отец Ломбарди: Кардинал Бергољо нема никаква врска со диктатурата во Аргентина


„Никаква врска со диктатурата.“ Со овие зборови отец Федерико Ломбарди, директор на Ватиканскиот прес центар ги отфрли обвинувањата упатени до поранешниот кардинал Бергољо.

Отец Ломбарди напомна дека кардинал Бергољо „направи многу за да ги заштити луѓето во времето на диктатурата“, а кога стана архиепископ на Буенос Аирес „побара простување за Црквата, што не направила доволно во времето на диктатурата“.

"Кампањата против кардинал Бергољо е добро позната и датира од пред неколку години", потсети отец Ломбарди, нарекувајќи го изворот како "публикации со антиклерикален карактер". „Никогаш немало конкретни и веродостојни обвиненија против него": сослушуван е како сведок од судските власти во Аргентина и "како човек е запознат со фактите, но никогаш и за ништо не бил обвинет ". Затоа обвинувањата упатени кон сегашниот Папа, за периодот на диктатурата во Аргентина "мора да бидат отфрлени".

По литургијата со кардиналите во Сикстинската капела, Папата ги тргна пломбите од Папскиот апртман во Апостолската палата, со што можат да започнат работите за вселување. Папата Фрањо сѐ уште нема мото и грб.







All the contents on this site are copyrighted ©.