2013-03-14 12:50:15

Папата Фрањо во Санта Марија Маџоре (Света Марија Велика)


Ватикан 14.3.2013 - Папата Фрањо денес 14 март се упати кон базиликата Санта Марија Маџоре (Света Марија Велика) со цел да се помоли на Богородица, како што најави на верниците во своите први зборови упатени од централниот балкон на ватиканската базилика Свети Петар непосредно по неговиот избор. За време на оваа прва посета беше придружуван од префектот на Папскиот дом архиепископот Георг Генсвајн и од заменик префектот на Папскиот дом Леонардо Сапиенца. Посетата беше кратка и одбележана со молитва на папата Фрањо пред олтарот на Дева Марија.

По кратката молитва Папата зборуваше со кардинал Сантос Абрил и Кастељо, ректор на базиликата, поранешен Апостолски нунциј во Република Македонија. Папата Фрањо навести дека во попладневните часови во Кастел Гандолфо ќе го посети почесниот папа Бенедикт XVI.









All the contents on this site are copyrighted ©.