2013-03-14 10:08:32

Папата Франњо: молете се за мене


Првото обраќање Urbi et Orbi (до градот и светот) на папата Фрањо I го пренесуваме во целот:

"Браќа и сестри добра вечер. Знаете дека должноста на конклавите е да се избере римскиот епископ. Изгледа дека моите браќа одлучија да го побараат на крајот од светот. Но еве тука сум. Ви благодарам на дочекот, благодарам на целата римска заедница и пред сè сакам да се помолиме за нашиот почесен папа Бенедикт XVI, Господ да го благослови и Богородица да го заштитува. Оче наш..., Радувај се Маријо..., Слава на Отецот... Сега заеднички да го започнеме патот, патот на римската Црква, пат на братство, полн со љубов, доверба и вера. Да молиме секогаш за себе, еден за друг, за целиот свет. Така ќе добиеме големо братство. Сакам овој пат на Црквата кои денес го започнуваме да биде плодоносен за евангелизација на овој прекрасен град. Сега би сакал да дадам благослов, но пред тоа сакам да Ве замолам за услуга, пред епископот да го благослови народот, ве молам вие да го замолите Господ да ме благослови мене, молете за мене. Во тишина - се првите зборови кои новиот папа Фрањо I ги упати на верниците.

Молете се за мене и ќе се видиме наскоро. Утре сакам да се помолам на Богородица за успешен почеток. Добра ноќ и пријатен одмор - рече папата Фрањо I пред да се повлече од ложата на базиликата Свети Петар."








All the contents on this site are copyrighted ©.