2013-03-14 10:00:03

Новиот Папа е Хорхе Марио Бергољо – Фрањо


Новиот Папа е Хорхе Марио Бергољо (Jorge Mario Bergoglio). Првиот кардинал од редот на ѓакони Жан Луиз Туран околу 20.15 минути се појави на свечено украсената ложа на ватиканската базилика и после традиционалното навестување на латински: "Habemus Papam!" (Имаме Папа) објави дека кардиналите денес на конклавите го избраа за папа аргентинскиот кардинал Бергољо, кој го зеде папското име Фрањо.

Новиот папа Хорхе Марио Бергољо (76), архиепископ на Буенес Аирес, Аргентина, докторира во Германија, има искуство како професор и ректор на Филозофско – теолошкиот факултет во Сан Мигуел. За епископ е именуван 1992 година, а во 1997 година е именуван за коадјутор на архиепископијата Буенос Аирес. Од 2005 до 2011 година е претседател на Епископска конференција на Аргентина, а за кардинал е именуван 2001 година. Член е на Конгрегацијата за богослужби и Свети Тајни, Конгрегацијата за клерици, Конгрегацијата за посветен живот и заедници на апостолски живот, Папски совет за семејство и Папска комисија за Латинска Америка.

Фрањо е првиот Исусовец и првиот Латиноамерикански папа во историјата на Црквата. Неговиот избор донесува една нова реалност: половината католици живеат во Средна и Јужна Америка.

Роден е на 17 декември 1936 како син на италијански емигранти во Буенос Аирес. Покрај неговото аргентинско државјанство, новиот папа поседува и италијанско државјанство. Покрај тоа новиот папа Фрањо сега веќе поранешен архиепископ на Буенос Аирес, ја извршувал службата епископ ординариј за Источните католици во Аргентина, кои немаат сопствен ординариј.







All the contents on this site are copyrighted ©.