Ватикан, 13.3.2013 /к.мк/ - Со влезот во конклавите за избор на 266 папа, 115 кардинали
гласаа во првиот и единсвтен круг во вторник попладнето. Како и што беше предвидено,
гласањето заврши без избор: Во 19.43 часот од оџакот на Систинската капела се појави
црн чад. Со тоа е јавено дека новиот папа не е избран во првиот круг на гласање. И
покрај дождот на плоштадот пред базиликата се собраа илјадници верници, меѓу кои и
цели римски семејства, како и многубројни новинарски екипи исчекувајќи го разултатот
од првото гласање. Гласањето прдолжува восред од 9.30 часот.