2013-03-13 13:39:48

Пакистан: Христиjните и муслиманите го осудуваат варварското полење на христијанскиот кварт


Лахоре, 12.3.2013 - Христијаните и муслиманите заедно го осудија нападот на христијанскиот кварт во Лахор, со што се опожарени и уништени 178 куќи и две цркви, а повеќе од 2.500 лица се останати без покрив над главата. Причината за насилството е обвинението за богохулство на еден христијанин по што квартот беше запален, за среќа без човечки жртви, се вели во извештајот на фондација „Помош за Црква во неволја“. Во понеделникот христијанските училишта во Лахор и Карачи останале затворени во текот на целиот ден, а во неделата илјадници христијани протестирале по централните улици на главните градови Карачи, Лахоре, Равалпинди и Исламабад. Демонстрантите бараат од властите да се запре кршењето и манипулацијата на законот за богохулство. Политички и верски лидери го осудија вандалскиот напад. Министерот за мир Пол Бхати побара „транспарентна истрага“ и „брзо апсење на сторителите“, осудувајќи го начинот на размислување, кој создава нетрпеливост меѓу различните верски заедници". Во Карачи членови на муслиманското движење „Mutahida Quomi Movement“ (MQM) формираа жив синџир со христијани во знак на протест против нападот барајќи оставка на владата во Пунджаб, соопшти агенцијата ФИДЕС. Својата солидарност со христијаните изразиле и муслиманските водачи на 30 сунитски исламистички училишта, како и муслиманските движења „Jamilat-e-Islami“ и „Jamilat Ulema e Islam“. Следните парламентарни избори во Пакистан ќе се одржат во мај. /РВ/







All the contents on this site are copyrighted ©.