2013-03-13 13:42:50

Во среда претпладне повторно црн чад


И по вториот изборен круг во средата претпладне од оџакот на Сикстинската капела се појави повторно црн чад. Двата изборни круга се без избор на папа. И покрај дождот на плоштадот Свети Петар се насобраа илјадници луѓе, и секој час нивнот број се зголемува. На плоштадот се и бројни новинарски екипи од Италија и светот кои нестрпливо ги очекуваат резултатите од гласањето на кардиналите собрани во Сикстинската капела. Попладнето од 16.45 следуваат следните два круга гласање. За да се избере нов Петров наследник неопходни се 77 гласа или 2/3 мнозинство.







All the contents on this site are copyrighted ©.