2013-03-13 20:44:27

Habemus papam - Имаме Папа


Бел чад од оџакот на Сикстинската капела. Новиот Папа е избран на петото гласање, две третини од кардиналите гласаа за потребниот избор. Камбаните на Свети Петар одекнуваа со ѕвонење. Наскоро Кардиналот протоѓакон Жан Луис Туран ќе се појави на централната ложа од базиликата Свети Петар за да навести на собраниот народ на латински јазик со познатата фраза: habemus Papam – имаме Папа. Сепак потполната формула гласи: «Annuntio vobis gaudium magnum: habemus Papam. Eminentissimum ac reverendissimum dominum, Dominum (името на Папата), Sanctae Romanae Ecclesiae cardinalem (презимето на Папата), qui sibi nomen imposuit (Папското име). Преведно значи: Ви навестуваме голема радост: Имаме Папа. Неговата еминенција и Високопреосвештенство господин, Господин (името), на Светата Римска Црква кардинал (презиме), кој го зема името (Папското име).
Тогаш ќе се дознае новиот Петров наследник, кој потоа ќе се појави за поздрав и Благослов Urbi et Orbi. Голема е радоста меѓу верниците во целиот свет, како и на плоштадот Свети Петар.








All the contents on this site are copyrighted ©.