2013-02-22 18:19:17

Светата тајна исповед во центарот на размислувањата на духовните вежби во Ватикан


Вистинската слобода не е во годеливоста, туку во доверливо предавање на Бог – истакна кардинал Раваси во средата на претпладневото размислување на духовните вежби во Ватикан, говорејќи за верата во човечката ограниченост. Говорејќи за 131 Псалм, кардиналот рече дека псалмот ја опишува посебноста на верникот, оној кој пред сè се надева на Бог. Ароганцијата, гоределивоста, апсолутната самодопадливост и споредување со Бог, исто е како и Источниот грев. Ќе бидете како Бог, ќе го распознавате доброто и злото, односно морални судии, а токму тоа човекот во својата слобода ќе сака да го нарпави – рече кардиналот додавајќи: Верата е свесно, слободно и потполно предавање на Бог. Во псламот на двапати се спомнува мирот на детете во мајчиснката прегратка, додека последниот ред го повикува Израелот на надевање на Бог – рече кардиналот додавајќи дека и одговорните во Црквата треба да учат од големата историја на духовноста, бидејќи нивните карактеристики се однесуваат на лица. И во нас тлее искушението од високо да ги гледаме луѓето, а Исус нè повикува да учиме од децата кои се чисти по срце и имаат голема доверба.
Во второто размислување кардиналот говореше за човечката слабост, за ограниченоста, јадосувањето и минливото створение. Како сенка поминува човекот и го повикува Бог за да му го објави крајот, мерата на неговите денови, да ја спознае својата ништожност (сп. Псалм 39). Тие зборови и денес се многу актуелни во свет каде што владее површноста, некој вид нарокоза која во човекот ги гуши суштетствените прашања – рече кардиналот Раваси.

Во четвртокот за време на духовните вежби за папата и римската курија, кардинал Раваси говореше за помирувањето, покората, Божјата отсутност и ништожност. Размислувајќи за престап, казна и простување, кардиналот истакна дека гревот е личен чин, а се раѓа од човечката слобода. Гревот е бунтовник, востаник, но најчесто е одалечување од Бог.
Гревот пред сè и најмногу е теолошка реалност – забележа кардиналот. Може да има и психолошки последици, но тој е теолошка реалност. Поради тоа Светата Тајна Исповед никако не може да се споредува со психоаналитичка терапија, бидејќи кај грешникот секако дека е важна свеста за Бог. Вистинскиот пат се наоѓа во преобраќање, во промена на правецот, па поради тоа и промена на менталитетот, оставајќи ги зад себе работите со кои сме се зафатиле. Меѓутоа тој пат неизбежно опфаќа и напор – напомна кардинал Раваси.

На напорниот пат за преобраќање и простување за да станеме нови луѓе не недостасува напнатост, исчекување, големи стравови – рече кардиналот. Во друштвото не се дава голема можност за нов почеток; на лицето кое можеби и со право е оценето како грешно, секогаш останува некој вид на печат. Во Библијата, напротив, тоа не постои; најдобро тоа се отсликува кај пророкот Исаија, постои слика за Бог, кој зад себе ги фрла твоите гревови, така да повеќе не ги гледа, а со тоа повеќе и не постојат. Тоа е вистинско бришење на гревот – истакна кардинал Раваси.

Отсутност и ништожност, човек без Бог, беше второто размислување на кардиналот во четвртокот. Тоа се два збора кои не се синоними; едноставно кажано првиот е тежнеење за Бог, додека ништожноста е вистинско зло на денешната култура. Тоа е рамнодушноста, површноста и баналноста – објасни кардиналот. Во склоп на размислувањата кардинал Раваси говореше и за болката и осаменоста. Современото општество во нашите градови создаде мноштво на осаменост, напомна кардиналот, и говоерејќи за болката од христијански поглед, таа предизвиуква соблаза, но истакна дека Исус поминува низ цела низа на темнина: страв, осаменост, отфрленост, предавство, телесно страдање и смрт.








All the contents on this site are copyrighted ©.