2013-02-14 12:35:04

Бенедикт XVI: Големиот пост, време на црковно заедништво и надминување на индивидуализмот и поделбите


"Да се вратиме кон Бога со сето свое срце": тоа беше повикот на Папата Бенедикт XVI, кој го упати во проповедта за Пепелната Среда Папата Бенедикт XVI со која го означи почетокот на Великиот пост. Оваа година, Литургијата не беше отслужена како по традиција во базиликата "Света Сабина", за да им се овозможи на повеќе верници да присуствуваат на последната папска Света Литургија:

"Собрани сме во ватиканската базилика, околу гробот на Свети Петар, за да го побараме неговото застапништво за Црквата во овој посебен момент и да ја обновиме нашата вера во Врховниот Пастир, Исус Христос. За мене ова е соодветен момент да се заблагодарам на сите, особено на верниците од римската епархија и побарам да се молите за мене во последните денови од мојата Света Петрова служба".

Во својата проповед Папата се задржа на читањата предложени од денешната литургија, така почна од првиот извадок од книгата на пророкот Јоил, во кој пророкот упатува силен повик до народот да се "вратат кон Господ со сето срце, со пост, плач и ридање" (2 , 12):

"" Со сето срце "значи од центарот на нашите мисли и чувства, од коренот на нашите решенија, избори и делувања, со гест на сеопфатна и радикална слобода."

Но можно ли е, праша риторично Папата, тоа враќање кон Бога? Постои една сила, истакна Папата, "која не живее во нашето срце, туку која извира од срцето Божјо. Тоа е силата на Неговото милосрдие ":

"Враќањето кон Господа е" благодат ", бидејќи е дело Божје и плод на верата која ние го правиме во Неговото милосрдие. Но тоа враќање станува конкретна реалност во нашите животи само кога благодатта на Господа продира длабоко во нас, давајќи ни сила да го "раздереме своето срце"."

Во денешно време, продолжи Папата, "многу луѓе се подготвени да си "ги раскинат алиштата" пред скандалите и неправдите извршени од другите, но малкумина се подготвени да дејствуваат според" срцето ", според својата совест и сопствените намери, овозможувајќи му на Господ да преобразува ,обновува и обраќа". Папата се задржа и на "заедничкото помирување", кое е суштински елемент на верата и христијанскиот живот:

"Христос дојде" за да ги собере заедно растурените чеда Божји (Јо 12,32). "Ние" со Црквата сме заедница во која Христос нѐ собира заедно. Тоа е важен елемент кој не треба да го заборавиме и да живееме во Великиот Пост. Секој треба да осознае дека не е сам по патот на покајанието, туку заедно со бројни браќа и сестри во Црквата. "

Папата повикувајќи се на поделбите во црковното тело истакна:

"Кога го живееме великопосното време во посилно и елоквентно црковно заедништво, совладувајkи го индивидуализмот и поделбите, ние се претвораме во смирен и непроценлив знак за оние што се далеку од верата или се рамнодушни."

Папата се задржа и на извадокот од Второто послание на Свети Павле до Коринтјаните во кое зборовите на Апостолот се претвораат и за нас во силен апел да не го "пропуштиме овој поволен момент во кој ни е понудена една уникатна и неповторлива можност":

"Помирувањето што ни беше понудено, беше платено со една висока цена: на крстот на Голгота, на кој беше распнат Синот Божји, станат човек. Враќањето кон Бога со "срце" во тоа великопосно време поминува низ Крстот, преку следењето на Христос на патот кој води до Голгота. Тоа е пат по кој секојдневно треба да се научиме да излегуваме повеќе од нашиот егоизам и затвореност, за да направиме место за Бога, кој го растопува и преобразува срцето."

Евангелието според Матеј, рече Папата, ни раскажува за Исус, кој се повикува на трите главни практики предвидени во постот според Мојсевиот закон: милостиња, молитва и пост. Со тоа, истакна Папата, Исус нагласува дека квалитетот и вистината на врската со Бог дава вредност на вистинитоста на секој религиозен гест:

"Вистинскиот Христов ученик не им служи себеси или на "публиката", туку служи благородно и со едноставност на Господа. Нашето сведоштво ќе биде клучно ако не ја бараме нашата слава, туку ако сфатиме дека отплатата на праведниот е самиот Бог, кога сме едно со Него по нашиот пат на верата овде на земјата и на крајот од животот, во мирот и светлината со средба лице во лице со Него."

Папата заврши со повикот да го "живееме радосни и полни со вера великопосното време и да се "вратиме кон Бог со сето свое срце", преземјќи ја неговата благодат, која нѐ прави нови луѓе преку нашето учество во Христовиот живот".







All the contents on this site are copyrighted ©.