2013-02-13 16:47:41

Христијанинот мора да оди против струењетo


Со голема љубопитност се очекуваше првата аудиенција на папата откако објави дека се повлекува од петровата служба. Салата Павле VI, место каде обично во зимскиот период се одржуваат општите аудиенции во среда, беше преполна, иако првично беа пријавени само 3500 верници. Папата им се довери дека овие денови за него не беа така лесни, но физички ја почуствува силата на нивните молитви, и уверен е дека Господ ќе ја води Црвката, ги замоли и понатаму да го пратат со нивните молитви, да се молат за Црквата, како и за новиот папа.

Ме охрабрува и просветлува сигурноста што Црквата е Христова, и дека сигурно нема да го скрати водството и грижата, рече папата, по што верниците го поздравија со громогласен аплауз.

Папата пристигна на аудиенцијата со десетина минути задоцнување, а присутните стравуваа за неговото доаѓање. Кога во 10.40 часот пристигна, завладеа големо воодушевување и беше дочекан со повикот: Бенедето, Бенедето. Папата им се довери дека се повлекува од папската служба пред сè слободно и свесно за доброто на Црквата, по долга молитва, со испит на својата совест пред Бог, свесен на тежината на тој чин, но исто така свесен дека повеќе не е во состојба да ја извршува Петровата служба со сила која е потребна за таа служба.

Преминувајќи на катехезата за Исусовите искушенија, папата рече: Која е целта на искушенијата на кои беше подложен Исус? Одговорот гласи: да се инструментализира Бог, да се користи за сопствени интереси, за сопствена слава и сопствен успех. Значи во суштина, треба да се ставиме самите себе на Божјото место, отргнувајќи го од сопствениот живот и да се прикаже дека е непотребен. Значи секој треба да се запраша: Какво место има Бог во мојот живот: Дали е тој Господ или тоа сум јас, коментираше папата и истакна дека христијанинот мора да оди против струењето.

Искушенијата кое современото општество ги поставува на христијанинот се бројни, а се однесуваат на личниот и општествениот живот. Папата рече дека не е лесно да се биде верен во христијанскиот брак, да се биде милосрден во секојдневниот живот, да се остави простор за молитва и внатрешна тишина. Исто така не е лесно да се спротистави на трендовите кои многумина ги сметаат за разбирливи, како што е абортусот во случај на несакана бремеснот, евтаназија во случај на тешка болест или испитување на ембриони за да се избегнат наследни болести.

Осврнувајќи се на обраќањето за Великиот пост папата забележа дека преобраќање не значи затварање во соствениот успех, престиж и позиција, туку секој ден да се настојува малите работи како што се вистината и љубовта да станат во животот најважни. Со овој совет папата ја заврши денешната катехеза, 347 во неговиот понтификат.







All the contents on this site are copyrighted ©.