Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе се повлече од функцијата на 28 февруари
Светиот Отец својата одлука ја соопшти на Конзисториум вo Рим и тоа на латински јазик,
што е невообичаено. „Папата најави дека ќе се повлече од функцијата на 28 февруари
во 20 часот“, соопшти портпарол на Ватикан.
Во своето обраќање Папата, меѓу
другото, вели: „Откако повеќепати ја преиспитував својата совест пред Господа, дојдов
до сознание дека мојата сила, со оглед на староста која настапува, не е доволна за
да ја извршувам должноста соодветно.“
Папата им се заблагодари на собраните
на Конзисториумот од „се‘срце“ за „сета љубов и работа“ со која тие заедно со него
го носеле товарот на функцијата и замоли за прошка за сите негови „грешки“.
Бенедикт
Шеснаесетти е на чело на Римокатоличката црква од април 2005 година. Тој го наследи
починатиот Јован Павле Втори. Бенедикт во меѓувреме има полни 85 години. Ова е првпат
ос векови еден папа да се повлекува од функцијата.