2013-01-23 12:56:46

Писмо од монс. Ди Ноиа до Лефебвриианите: Папата ве чека, вашата иднина е во единството на Црквата


Однсот со Светата Столица со Братската заедница на Свештеници Свети Пио X остануват “отворени и полни со надеж“. Се отвара така долгото писмо кое, во знак на Адвентот, архепископот Јосиф Аугустине ди Ноиа, заменик директор на Папската Комисија Ecclesia Dei – тело на Ватикан одговорно за пофторно соединување со лефеврианите – го испрати на лична иницијатива, и не како официјално службено лице, до членовите на француското Братство. Текстот на писмото е достапно во целосност на сајтот на “Il Sismografo”, на англиски јазик (на линкот “ilsismografo.blogspot.it/2013/01/vaticano-full-text-of-advent-letter.html#more) и на француски јазик (на линкот “ilsismografo.blogspot.it/2013/01/vaticano-texte-integral-de-la-lettre-de.html).

Поделено во воведен дел, два паграфи посветени на “Зачиувување на единство на Црквата“ еден на “Местото на Свештеничкото Братство на Црквата“, и заклучок, писмото поминува низ прегледот на тешкотијте од минатото во светлина на набљудување, истакнува со јасност на крајот, имендо дека “Папата Бенедикт XVI е исклучително нестрплив да се надминат постоечките тензиј во Црквата и во вашетро Братство“. Сепак, монс. Ди Ноиа првично открива како, и покрај напредокот во диалогот остварен од стана на Црквата, “тонот и значењето“ неодамнешните изјави на високи членови на Братството крена “сомнежи околу реалната можност за соединување“. Во такви околности, тврди монс. Ди Ноиа, јасно е дека “новиот елемент“ треба да биде воведен во споредба, ако не се сака да се отвори “во очите на Црквата, на јавноста и, на крајот и во нас самите, како ангажирани во размена на лубезности но без надеж и плод“.

Инсистирајќи, во светлина на Светото Писмо и црковниот учителство, врз потребата на одржување на единство на Црквата, монс. Ди Ноиа признава дека “вистинското единство е дар од Светиот Дух“, но исто така “нашите одлуки и нашите акции нѐ прават – пишува – способни да соработуваме за единство на Духот или да реагираме против предлозите на Духот“. Затоа, владиката повикува на доблестите понизноста, кротоста, смиреноста, и на љубовта кој можат да помогнат во “познавање на добрината“ на позицијата на другите кои можат да бидат испитани “во духот на отвореноста и на добрата вера“.

Околу местото за Братството С. Пио X во Црквата, монс. Ди Ноиа тврди дека тоа живее во корените на харизмата која беше одобрена во 1970: “да се образуват свештеници за службата на Божјот народ“. Затоа, прецизира, не се бара од француската Заедница да се ослободат од “ревноста“ која беше од нивниот основач, монс. Лефебвре, далеку од тоа, туку да “се обнови“ пламенот на таа ревност во формацијата на луѓето во служење на Христос. Значи не е сопственост на харизмата “должноста да осудува и да ја исправува теологијата или дисциплира другите во Црквата“, тоа е сопствено право на Папата.

Монс. Ди Ноиа го завршува писмото со реалност, поставувајќи си го ова прашање: “Веднаш ицелосно црковно помирување може да стави крај на сомнежот и на недовербата од двете страни? Веројатно не ќе биде така едноставно“. Како, признавајќи покасно, што нашите души “морат прво да оздрват, исчистат од огорченоста и од лутината“ родени од пред неколку години во “огорченост и лутина“ помеѓу двете страни. “Но она што го бараме – додава – не е човечко дело: ние го бараме помирувањето и лекувањето преку Божјата Благодет“. “Единствената замислена иднина за Свештеничкото Братство - заклучи монс. Ди Ноиа – е на патот према целосно единство со Светата Сотолица, безусловно прифаќање на исповедување на верата во својата полнота, и потоа со сакраментален, црквен и пасторален добро направен живот“. Печатот на писмото, монс. Ди Ноиа го заклучува со проповедањето на Свети Павле до христијаните во Ефес: живејте “го на достоинствен начин позивот кој го добивте со сите позности, кротости и трпение, а особено со меѓусебна љубов, барајќи да ја сочувате понизноста на духот преку врската на мирот“. (Составил на лиалијански Александро Де Каролис, превел од италијански на македонски Р.К.)







All the contents on this site are copyrighted ©.