2013-01-23 13:02:44

Кај Папата генералниот секретар на Комунистичката партија на Виетнам, прв пат во историјата


Важна аудиенца која се одржа ова утро во Ватикан, каде Бенедикт XVI го прими генералниот секретар на Централниот Комитет на Комунистичката Партија на Виетнам, Нгуен Пу Тронг, кој исто така имаше разговор со Државниот секретар, кардиналот Тарчисио бертоне, и Архепископот, Доменик Мамберти, секратар за однос со државите.

“Тоа е прв пат – се вели во соопштението на Државниот Секретар – што еден Генерален Секретар на Комунистичката Партија на Виетнам се сретна со Папата и со други одговрни од Државниот Секретаријат. Во срдечнбите разговори - се чита исто така во соопштението – се разговараше за интересите за Виетнам и за Светата Стоилица, изразувајќи надеж дека наскоро можат да бидата надминати некои изгубени ситуаци и дека може да се зајакне постоечката успешна соработка“.

Неодамнешниот развој на односите помеѓу Виетнам и Светата Столица е резултат на еден долг процес кој датира од ’90-тете години. Тоа беше, всушност, во 1992 година кога за прв пат Делегација за Комисија за Религиозни Работи од Социјалистицката Република на Виетнам дојде во Ватикан. Но во 2007 година официјално се става крај на долгиот молк на дипломација помеѓу двете Држави, кој траеше трисетина години, дури од далечната 1973 година – година на падот на Сајгон. Уредил на италијански Сефано Лесзцзкински. Превел од италијански на македонски Р. К.







All the contents on this site are copyrighted ©.