2013-01-12 10:18:41

На Ангел Господов поздрав за источните Цркви кој го слават Божиќ


По завршуванјето на светата Литургија во неделата, Папата го одржа Ангел Господов од прозорецот на своето приватно студио: голем број на верници беа собрани на плоштадот Свети Петар, во овој прекрасен сончев ден, до Пестепата и Божиќното Дрво подарено ова година од областите на Базиликата и Молизе. Папата пред се, се извини за доцнењето (околу 15 минути) порди продолжувањето на Светата Литургија со епископски ординаци. После тоа тој зеде збор:

"Денеска го празнуваме празникот Богојабление на Господ, неговото манифестирање на народот, додека многубројни Источни Цркви, според Јулијанскиот календар, го слават Бадник. Оваа мала разлика, која овозможува овие два моменти да се преклопуват, нагласува дека ова Бебенце, родено со понизност во пештерата на Бетлеем, е Светлината на светот, која ги води по вистинскиот пат сите народи. Тоа е пристап кој те прави да размислуваш исто така и од гледна рочка на верата: од една страна, на Божиќ, преди Исус, је гледаме верата на Марија, на Јосиф и на овчарите; денес, на Водици, верата на Мудреците, дојдени од Истокот за да му се поклоната на царот на Евреите."

Блажеа Деве Марија, заедно со својот сопруг, преставуват “најавата“ на Израел, “остатокот“ пророкуван од Пророците, од кој треба да се издигне Месијата. Мудреците преставуват наместо народите, и може да се кажеме дири циовилизацијте, културите, религијте кој се, да се каже така, на паток кон Бога, во потрага за нивното царство од мир, правда, вистина и слобода. Прво постои едно јадро, отелотворено пред се од Марија, “ќерката на Синон“: едно јадро Израел, народ кој познава и има вера во оној Бог кој се откриваше на Патријарсите и по целата Израелска историја. Ова вера го достигнува своето реализирање во Марија, во исполнувањето на времето; во неја, “блажена бидејќи поверува“, Словото стана тело, Бог “се појави“ во светот. Верата на Марија станува основа и модел на верата на Црквата, Народот на Новиот Завет. Но овој народ е од самиот почеток униуверзален, тоа го гледаме денес во фигурите на Мудреците, кој доаѓаат во Битлеем следејќи ја светлината на ѕвездата и знаците на Светите Писма.

Свети Лав Велики вели: “Едно време беше ветено на Авраам безбројно потомство која ќе се родеше не по тело, туку во плодноста на верата“ (Discorso 3 per l’Epifania, 1: PL 54, 240). Верата на Марија може да се спореди со онаа на Авраам: е новиот почеток на истото ветување, од истиот непроменливи Божји план, кој сега наоѓа неговото реализирање во Исус Христос. И светлината на Исус Христос е толку јасна и силна што го прави разбирлив јазикот на космосот, и оној на Светото Писмо, така што сите оние кои, како Мудреците, се отворени на вистината и можат да ја препознат и дојдат да медитират врз Спасителот на светот. Свети Лав вели: “Влези, влези во семејството на патријарсите големата маса на луѓе... Сите народи.... го слават Творецот на вселената, и Бог нека биде познат не само Јудеја, но и по целата земја“ (ibid.). Во оваа проспектива можеме да ја видиме исто така епископската Ординација што со радост ги доделував ова утро во Базиликата Свети Петар: двајца од новите Владици ќе останат во служба на Светата Столица, а другите двајца ќе заминат да бидат Папински Преставници во две нации. Да се помолиме за секого од нив, за нивната служба, и Христовата светлина да сјае целиот свет.

Зборовите на Папата после Ангело Господов:
Драги браќа и сестри !
Утре Источните Цркви кој го следат јулијанскиот календар го слават Рождествотро Господово: во радост на заедницката вера ѓи упатувам кон нив моите срдечни поздрави на мир, со посебни молитви. Во Илалија денес е денот на Светото Децтво, посветено на децата кој се трудат во ширењето на Свтетото Писмо и за конкретно помоагање на нивните врсници кој имат потреба. Драги деца, ви благодарам и ве охрабрувам : однецете ја до сите љубовата Божја!

Ги поздравувам сите верници дојдени на денеска денеска овде, а посебно фамилијте и пријателите на ново-ракоположениот Архепископ монс. Винченцо Зани, секретар на Конгрегацијата за Едукација на Католиците. Ги поздравувам организацијата Famiglie Libere Associate на Европа. На сите посакиувам убави празници и пофторно среќна нова година!








All the contents on this site are copyrighted ©.